Да се помогне на дистрибутерите на мало во градење на профитабилен бизнис за задоволување на сите потреби на мали и средни компании , околу набавките на канцелариски материјали, електроника и консумативи, како и канцелариски мебел согласно мотото на Office 1 Superstore ,“Се за вашата канцеларија под еден покрив“ .
Да се предложи на нашите клиенти комплексно решение за сите барања и потреби што може да ги има нивната канцеларија и сигурноста на корисниците во нашиот максимален и широк асортиман на производи и услуги со гарантиран квалитет и ниски цени.

Политика на компанијата
Изградениот тим на ниво на ОФСЕТ МК, претставува незаменлив ресурс во градењето на Политиката на нашата компанија:
- Професионален деловен однос со клиентите на ОФСЕТ МК;
- Беспрекорно квалитетни производи, согласно ISO стандардите за квалитет на веќе реномирани компании со препознатлив бренд;
- Висок квалитет во давањето на услугите на крајните корисници преку континуирана нарачка и just in time доставување на производите, согласно договорот;
- Промоција на цени конкурентни на пазарот;
- Одење во пресрет на барањата на вработените во тимот на компанијата;
- Афирмација на однос за почитување и респект.

Концепт
Продажба на комплетна линија на канцелариски производи, електронски апарати за канцелариско работење и консумативи, како и канцелариски мебел преку единствен систем кој ги комбинира најдобрите аспекти на купување во продажните места. Системот особено е осмислен за развивање на пазарот, и ги продава под Office 1 Superstore – брендот како добро познато име во атрактивна средина на самопослужување, помогнато од атрактивен промотивен каталог, неговото главно и промотивно продажно средство. Малопродажбата зазема место во големопродажби на главниот франшизер, како и продавници на неговите под-франшизери.